За нас и нашата компанија

Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.



Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.



Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.



ВИЗИЈА

Нашата визија е да станеме најуспешната компанија за продажба и дистрибуција на производи за заштита и одржување на моторни возила, автомобилска опрема и услуги на Балканот.